448
Скопјанец со автомобил удрил 15-годишно девојче, кое со возило на Брзата Помош било пренесено во болницам, информираа од МВР.
Според полцијата, вчера во 15.20 часот, на крстосницата од улиците „Маџари“ и .„Финска“ во Скопје, патничко возило „Ауди А4“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Н. (41) од с.Сингелиќ-скопско, удрило во пешак, 15-годишно девојче од Скопје. По ударот, девојчето со возило на Итна медицинска помош било пренесено во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ каде и била укажана лекарска помош и и биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.