Скопјанец пронајден мртов во стан на улица „Пушкинова“

by fokus

41-годишниот Н.А. од Скопје бил пронајден мртов во стан на улица „Пушкинова“ во Скопје, информираа од полицијата.

„На 29.06.2019 година во 16.35 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош било пријавено дека во стан на улица „Пушкинова“ во Скопје има починато лице без видливи траги на насилство. Утврдено е дека се работи за лицето Н.А.(41) од Скопје. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција“, соопштија од МВР.

 

Поврзани новости