Единствена Македонија: Институционално ќе ги вратиме ЛГБТИ лицата во нормала

by fokus
По вчерашната Парада на гордоста, која помина успешно, без инциденти и со голема посетеност, од партијата „Единствена Македонија“ велат дека кога би дошле на власт би овозможиле институционални третмани за да ги преобратат ЛГБТИ лицата.
„Остануваме на првата линија во поткрепа на традицијата, бракот и семејството. Како одговорна партија, новата легална власт на Единствена Македонија ќе овозможи соодветен инстиуционален третман на луѓето со поинаква природна ориентација во обидот за нивно враќање во нормалното и прифатливото“, порачаа од „Единствена Македонија“.
Од таму ја напаѓаат Владата за поддршката што ја даде на вчерашната Парада.
„Наместо подобар живот, Заев од НАТО и ЕУ носи само лоши работи, како, хомосексуализам, дрога, проституција, секојдневни убиства, грабеж на народни пари, безаконие, криминал и корупција… Марионетата Заев од вчера тргна да ги руши и македонските традиционални и семејни вредности со финансиската и морална подршка од власта на т.н. парада на гордоста на луѓето со поинаква природна ориентација“, порачаа од партијата.

Поврзани новости