430
Полицијата синоќа во 23.30 часот добила дојава дека на булевар „Јане Сандански“ имало две повредени лица од кои едното било прободено со нож.
„Повредените се Т.П. (28) и Д.П.(28) од Скопје. Д.П. со остар предмет е прободен во пределот на градниот кош и со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Комплекс клиники “Мајка Тереза” каде му се констатирани тешки телесни повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.