Момчиња од Илинден нападнале полицајци, еден завршил во болница

by fokus 15:12
15:12

Две момчиња од населба Илинден на возраст од 18 и 21 година, нападнале полициски службеници во сендвичара во истата скопска населба.

Полицајците биле на работна задача во сендвичарата откако претходно бил нарушен јавниот ред и мир. Околу 01.50 часот биле физички нападнати од страна на К.К.(18) и М.М.(21) двајцата од населба Илинден.

- Advertisements -

„Лицата се приведени во Полициска станица Гази Баба. Заради укажување на лекарска помош М.М. е пренесен во комплекс клиники “Мајка Тереза”. Се превземаат мерки за расчистување на настанот. За настанот е известена внатрешна контрола“, велат од МВР.

Поврзани новости