399
Седумдест и четиригодишен скопјанец, вчера во село Ќоселери управувајќи трактор починал и излетал во река.
Како што соопшти МВР, С.П. во периодот од 10:30 до 11 часот на некатегоризиран пат во село Ќоселери, општина Лозово, управувајќи трактор „ИМТ 533“ починал на тракторот, изгубил контрола и излетал во река.
Смртта била констатирана од лекар од Јавната здравствена установа Свети Николе. Увид на местото извршила екипа од Полицската станица Свети Николе, а по наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на семејството за погреб.