316
Полициски службеници од Полициската станица Центар вчера го лишиле од слобода З.К.(38) од Скопје.
Тој во Управните служби во зградата на МРТВ физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија.
Како што соопшти МВР, по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.