466
Скопјанецот Т.Т. (34) му се заканувал на американскиот амбасадор Џес Бејли преку пораки на официјалниот профил на Фејсбук на амбасадата на САД во Македонија, соопшти МВР.
Тој ги испраќал заканите во периодот од 14 до 16 април 2016 година од својот профил на Фејсбук во повеќе наврати.
Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика поднесе кривична пријава против него поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „повреда на угледот на странска држава“.
Според МВР, заканувачот објавил коментари со недолична содржина и испратил индиректни закани кон дипломатскиот претставник на САД во Македонија и кон неговото семејство со што јавно го изложил на подбив.