486
Обвинителството бара притвор за триесет и едногодишен скопјанец кој ја претепал сопствената мајка.
Според информациите од обвинителството, инцидентот се случил на 21 јуни во вечерните часови во нивниот семеен дом на улицата „Дебарца“ во Скопје.
Скопјанецот прво почнал да се кара со седумдесетгодишната мајка, а потоа и физички ја нападнал, удирајќи ја со раце по лицето и телото. Потоа продолжил да ја удира со столче и и ги скршил двете раце.
Од страв да не биде повторно нападната, жената го напуштила домот и го пријавила настанот на 24 јуни, кога осомничениот повторно станал агресивен кон неа.