474
Вчера во доцните попладневни часови, 42-годишен скопјанец ја нападнал својата сопруга по вербална расправија.
„На 25.09.2019 во 19.00 часот во СВР Скопје, 34-годишна жена од Скопје пријавила дека на 02.09.2019 околу 22.00 часот во нејзиниот дом, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот 42-годишен сопруг од Скопје. Според пријавеното, таа подолг период била физички и психички малтретирана од сопругот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.