Скопјанец истепан во Центар

by Fokus

Завчера пред угостителски објект жител на Скопје пријавил дека бил физички нападнат од едно лице по претходно недоразбирање, велат од МВР.

„На 30.06.2022 во 22.40 часот во Полициската станица Центар, Н.Ј.(22) од Скопје пријавил дека на 29.06.2022, во периодот од 03.00 до 03.30 часот, пред угостителски објект на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, додаваат од МВР.

Поврзани новости