„Скопјане, никогаш нема да станеш Грк“, извикуваа демонстрантите пред грчкиот Парламент

by fokus

Додека во грчкиот Парламент траеше расправата за Договорот од Преспа и пред пратениците говореа лидерите на политичките партии, пред Парламентот се одржа протест, но со значително помала масовност од оној во неделата.

Демонстрантите извикуваа „Македонија е грчка“, „Скопјане, никогаш нема да станеш Грк“ и слично, преку плакати побараа референдум, но и оставка од грчкиот претседател Павлопулос.

Пред, за време и по протестот, грчката полиција приведе 135 лица од кои 10 беа уапсени. Демонстрациите повторно завршија со инциденти, а повреден беше еден полицаец.

Од 135-те приведени, 85 лица биле приведени уште пред да започне протестот, а полициски извори за грчката новинска агенција АНА-МПА рекле дека сите уапсени припаѓаат на радикалната десница.

Поврзани новости