Скандалот на Клиниката за онкологија кој го отвори и за него известуваше неделникот „Фокус“ се најде во најновиот извештај на „Фридом хаус“.
-Во 2023 година, вработени во Универзитетската клиника за онкологија во Скопје беа обвинети дека краделе скапи лекови за рак за да ги продаваат на црниот пазар во соседните земји. Истражувачките извештаји во неделеникот „Фокус“ ги посочија поранешните директори, вклучувајќи гои медициснкиот и организациониот директор во криминалниот потфат. Еден директор, наводно, вработил околу 20 роднини кои биле инволвирани во управувањето со архивата на болницата, додека надзорот на медицинските истории на пациентите кои влегувале во установата за лекување бил надгледуван од друг роднина на еден од менаџерите на болницата. Ревизорите утврдиа дека неправилностите во набавките и цените, логистичкиот хаос и распоредот и пречекорувањето на буџетот надополнето со занемарување придонеле за долгот, се вели во извештајот.
(АРХИВА) Доктори и сестри крадат лекови за болните од рак, скапата терапија завршува на црниот пазар!
(АРХИВА) „Фокус“ ги открива сите детали за Онкологија: Дали истрагата ќе удри по главата на криминалниот октопод или ќе паднат само ситните риби?!
Освен овој скандал се споменува и случајот со „корнишоните“ кој го откри и за него пишуваше „Фокус“, за којшто реагираше и тогашниот австриски амбасадор, Георг Вуцас.
-Австрискиот амбасадор ги критикуваше судовите во Северна Македонија, барајќи смена на судии, обвинители и нотари вмешани во одложувањето на наплатата на долгот на австриски инвеститор од македонска компанија, наводно поврзана со поранешниот премиер Зоран Заев. Јавното соопштение на Амбасадата покрена загриженост за судскиот интегритет, заканите по владеењето на правото и можното криминално влијание врз судството, додека поранешниот премиер Зоран Заев негираше каква било вмешаност и се закани на Амбасадата со тужба за клевета, пишува во извештајот.
По сторијата на „Фокус“ реагира австриската амбасада: Бара „метла“ за судиите и обвинителите кои постапувале во спор со фирма поврзана со братучетка на Заев
Обвинение за случајот „корнишони“: Со фиктивни фактури зет на Заев избегнал да плати долг од 4 милиони евра кон австриска фирма!
Во извештајот се најде и политичко-судското стебло на седмата генерација на Академијата за судии и јавни обвинители, поточно во овој дел истакнат е Барлет Џафери, синот на сегашниот технички премиер, а поранешен собраниски спикер од ДУИ, Талат Џафери.
-Покрај тоа, назначувањето на нови обвинители и судии со семејни врски со истакнати политичари (вклучувајќи го и синот на претседателот на парламентот Талат Џафери) ги зацврсти перцепциите на јавноста за непотизмот во судството, се вели во дел од извештајот.
Тој беше избран за обвинител иако за него Антикорупциска утврди дека положил правосуден испит пред да се стекне со диплома со соодветен степен на образование.
Политичко – судско стебло: Освен сопругата на Абази, Академијата ја завршуваат и синот на Талат Џафери, сопругата на Муцунски
Македонија останува хибриден режим и во најновиот извештај на Фридом Хаус „Нации во транзит“. Фридом Хаус во таа категорија става 11 држави, кои имаат карактеристики на автократија и демократија. Бидејќи не припаѓаат на ниеден од двата блока целосно, нивните институции се ранливи, што во 2023 довело до поголемо назадување отколку напрадување, се вели во извештајот.