Обвинение за случајот „корнишони“: Со фиктивни фактури зет на Заев избегнал да плати долг од 4 милиони евра кон австриска фирма!

by fokus

Случајот „корнишони“, кој прв во јавноста го отвори „Фокус“ на средината на минатата година, резултира со обвинение пред велешкиот суд, но и со стечај за компанијата на зетот на поранешниот премиер Зоран Заев – Атанас Костов, кој, всушност, е првообвинет во предметот, каде што уште опфатени се управител, нотар и извршител. Обвинителката бара судот да го прогласи за виновен затоа што со фиктивни фактури за долгови, позајмици и компензации го префрлал имотот на компанија во сопственост на сопругата, за да избегне да им ја плати штетата на Австријците во вредност од речиси 4 милиони евра, потврденa од страна на меѓународен арбитражен суд. Поранешниот австриски амбасадор, за случајот го прозва и експремиерот Заев, кој, пак, му одговори дека ќе го тужи.

пишува: Фросина ФАКОВА-СЕРАФИНОВИЌ

„Фокус“ на 1 јуни минатата година објави сторија дека валандовска компанија го прекршила договорот со австриски инвеститори за извоз на корнишони, па Арбитражниот суд во Виена пресудил фирмата да плати 4 милиони евра.

Пресудата во Виена била донесена на почетокот на минатата година, но додека траел арбитражниот спор, сопственикот на „Дена продукт“ – Атанас Костов ги префрла вработените и парите на друга компанија. Тоа е друштвото „Глобал трејд“, во сопственост на неговата сопруга Емилија Заева-Атанасова, прва братучетка на експремиерот Заев.

Па така, по помалку од една година од објавувањето на сторијата, Костов стана првиот од поширокото семејство Заеви против кого е поднесено обвинение, поточно обвинителен предлог.

„Фокус“ го обезбеди обвинителниот предлог, каде што Костов, зет за прва братучетка на Заев, е првообвинет. Второобвинет е управителот на фирмата на неговата сопруга, „Глобал трејд“ – Томе Органџиев, но и нотар, кој работи во Велес и извршител од Кавадарци.

Обвинителниот предлог го поднесе велешкото обвинителство, а на обвинетите ќе им се суди во велешкиот суд, каде што веќе имало подготвително рочиште, но никој од обвинетите не дошол.

Обвинителката Гордана Тодорова бара од велешкиот суд по одржувањето на главната расправа и оцената на сите изведени докази, да ги огласи обвинетите за виновни за наведените кривични дела и да ги осуди според законот.

Обвинителството ги потврди пишувањата на „Фокус“ и го товари Костов дека на секој можен начин се обидувал да ги „изигра“ Австријците и да не им ја исплати отштетата.

Во обвинителниот предлог јасно пишува дека Костов имал интенција на секој можен начин да ја спречи исплатата на побарувањата на австриската „АММА увоз-извоз Хоеменс Австрија“ утврдена со пресудата во Виена и имотот на неговата фирма „Дена продукт“ во целост да премине во сопственост на компанијата на неговата сопруга „Глобал трејд“.

Дејствијата што ги презел обвинетиот – задолжување по фактури, признавање на непостојни побарувања и слично ги правел истовремено и како управител на правното лице „Дена продукт“ и како управител на правното лице „Глобал трејд“.

За реализација на својата намера, тој го променил и седиштето на сопственото правно лице во Велес, но по отпочнување на оваа кривична постапка повторно извршил промена, овојпат и на називот и на седиштето на правното лице, така што „Дена продукт“ сега е преименувано во „Феникс аграр“, со седиште во Скопје“, се вели во обвинителниот предлог.

Целиот текст прочитајте го во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.

Поврзани новости