589
Грчката ракометна женска репрезенентација до 17 години во моментов не сака да излезе на теренот во спортската сала „Кале“ каде во 17 часот требаше да го почне мечот со репрезентацијата на Македонија како дел од Европското кадетско првенество. Причина за тоа е што на маиците на македонскиот стручен штаб пишува „Македонија“.
Од грчката репрезентација сега бараат македонскиот стучен штаб да облече неутрални маици, односно да се покрие името „Македонија“.
Во моментов трае убедувањето да се излезе на терен, а во истото учествуваат и челници на РФМ.
ФОТО: gol.mk