522
Аргентинскиот селектор Лионел Скалони проговори за статусот на напаѓачот Лионел Меси по освојувањето на Светското првенство во 2022 година.
– Мислам дека не му требаше светска титула за да се смета за еден од најголемите или најголемите. Само што од него секогаш се бара повеќе. Сега кога го освои Светското првенство, не знам што друго ќе се бара од него. Многу сме среќни за Меси и за целата земја, изјави Скалони за „Радио Калвија“.
Аргентина предводена од Лионел Меси стана светски фудбалски шампион освојувајќи го Мундијалот во Катар во декември 2022 година.
Така Меси дојде до единствениот трофеј што му недостасуваше во неговата богата кариера.