ВМРО-ДПМНЕ: Ниту побарале, ниту сме им дале гаранции на ДУИ

by fokus

ВМРО-ДПМНЕ демантира дека доставила писмен документ до ДУИ во кој ги прифатила скоро сите барања од албанската платформа.

– Никогаш не биле побарани ниту, пак, се дадени некакви гаранции од страна на ВМРО-ДПМНЕ кон ДУИ. Разговорите што ги водеше ВМРО-ДПМНЕ беа на принципиелна основа тргнувајќи од интересите и определбите на партијата. Во повеќе наврати објаснивме зошто не дојде до договор, но за некакви гаранции побарани од ДУИ воопшто не стана збор. Впрочем и од ДУИ знаат дека доколку ВМРO-ДПМНЕ даде согласност околу нешто, тоа се реализира, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Ова следува откако, Рафиз Алити од ДУИ, во интервју за Телма рече дека ВМРО-ДПМНЕ ги прифатила сите нивни барања, освен за продолжување на мандатот на СЈО. Според Алити, токму продолжувањето на мандатот на оваа институција било главна пречка двете партии да не можат да се договорат за владина коалиција.

Поврзани новости