СЈО за утре во 12 часот најави прес-конференција

by fokus
Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за утре во 12 часот закажа прес-конференција која ќе се одржи во просториите на Јавното обвинителство.

-Утре, со почеток во 12:00 часот во просториите на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите ќе се одржи прес – конференција” се вели во краткото соопштнија објавено на официјалната веб страница на СЈО.

На прес конференцијата се очекува СЈО да соопшти детали за обвиненијата кои ќе ги поднесат до Кривичниот суд, бидејќи во петок истекува рокот од 18 месеци кои го имаа за завршување на истрагите и поднесување на обвиненија.

Поврзани новости