СЈО: За надлежноста врз Маѓар телеком и Верушевски ќе одлучиме самите

by Фокус

Специјалното јавно обвинителство во реакцијата кон Основното обвинтиелство посочи дека не ги бара предметите за Маѓар Телеком и за таткото и синот Верушевски за по нив да постапува, туку за да провери дали е во негова надлежност постапувањето. Овие три предмети Основното јавно обвинителство Скопје не му ги дава на СЈО со образложение дека тие не произлегуваат од прислушуваните материјали.

-Предметите ги бараме на иницијатива на засегнатите странки, а во рок од осум дена ќе процениме дали сме надлежни по нив да постапуваме. Законот за СЈО е јасен дека ние ја правиме проценката на надлежноста и нема причина зошто предметите да не ни бидат дадени. Нејасно ни е зошто скопското обвинителство бара Советот на јавни обвинители да решава за надлежноста кога нема ингеренции- велат од СЈО.

 

Поврзани новости