Од РЕК Битола потврдија дека обвинители на Специјалното јавно обвинителство вчера влегле во комбинатот и извршиле увид врз дел од документацијата.
-Претставници на Специјалното јавно обвиниталество со соодветна дукументација во рамки на нивните законски овластувања во текот на вчерашниот ден беа во РЕК „Битола“. Како компанија им излеговме во пресрет да обезбедиме за се што е предмет на нивните потреби – рекоа од комбинатот.
„Фокус” дознава дека две обвинителки од СЈО од вчера ја истражуваат тендерската документација која се однесува на ископ на јаловина и транспорт на јаглен од рудникот „Суводол“.
Од СЈО не откриваат повеќе детали поради тајноста на предистражната постапка.
Инаку, во една од опозициските бомби, според лидерот Зоран Заев се однесува на местење на тендер со милионска сума , односно бизнис зделка тешка 20 милиони евра и за ископ на јаловина и јаглен од свлечиштето во рудникот Суводол – РЕК Битола, со дотур на јаглен до ТЕ Битола.