Протест пред Собрание: Сакате ли епидемија на ХИВ?!

by fokus

Граѓанските организации и активистите кои работат на превенција на ХИВ денеска пред Собранието излегоа на протест и побараа државата итно да обезбеди пари за терапија и рано откривање на ХИВ.

Активистите ги повикаа Владата и Собранието да ги обезбедат потребните средства кои се обврзале пред меѓународните организации дека ќе ги одвојат за третман и превенција на ХИВ.

Велат дека само со 27 милиони денари колку што за идната година се предвидени во буџетот само ќе се зголеми бројката на новозаболени лица од оваа глобална епидемија, а освен тоа велат дека износот не е доволен да ги покрие ниту потребите за живото-спасувачка терапија за една година.

Инаку, во националната програма за ХИВ за 2017 година се неопходни најмалку 65 милиони денари од буџетот, според проценките на домашни експерти што ги ангажираше Министерството за здравство.

Од Министерството за здравство пак, во писмена реакција велат дека се креира лажна слика укажувајќи на тоа дека со двете програми сретствата кои ги инвестирале за оваа година изнесуваат 52 милиони денари. Од таму убедуваат дека потребните лекови за лицата заболени од ХИВ се обезбедени за до крајот на оваа и наредната година.

Поврзани новости