476
Специјалното јавно обвинителство најави нова истрага со назив „Трезор“. Деталите за случјаот од ќе ги презентираат утре на прес-конференција во новите канцеларии на СЈО.
Ова ќе биде шеста истрага која ја води СЈО, а која произлегува од незаконски прислушуваните разговори.
Инаку, на годишнината од формирањето на СЈО, специјалната јавна обвинителка Катица Јанева покрена две обвиненија.
Првото обвинение e за уништување на докази за прислушувањето, , а второто обвинение, се однесува на нарачаното насилство врз градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски за време на седница на општинскиот Совет, кога се случи протест пред Општината.