Информатичарите од Специјалното јавно обвинителство, како дел од тимот истражители во предистражната постапка за злоупотреби со АКМИС системот во Основниот суд Скопје 1, за кои што е осомничен експретседателот Владимир Панчевски, денеска пак се вратиле кај в.д. претседатаелот Стојанче Рибарев, објави СДК.МК.
Претседателот на судот им овозможил дополнително да вадат докази од главниот компјутер.
Од СЈО, во врска со оваа предистражна постапка, рекоа дека податоците од одземените компјутери на Панчевски и на Рибарев, кој всушност е претседателски компјутер и ги содржи сите движења и распоредувања на стотици илјади предмети во овој суд, уште од поставувањето на АКМИС во 2010 година, сè уште се анализираат во МВР. Се уште се анализирале и податоците од личниот компјутер на осомничениот Панчевски.