Реформаторите вторпат во Брисел: Груевски е минато, сега треба слободен Конгрес за избор на нов лидер

by fokus 18:47
18:47

Иницијаторите за реформи и демократизација за ВМРО-ДПМНЕ денеска се во посета на Брисел каде се сретнаа со членови на Европскиот парламент кои доаѓаат од Европската народна партија и со известувачите за Македонија. Петар Богојески од Иницијативата за реформи за „Фокус“ вели дека европските претставници целосно се согласуваат со нивните ставови дека ВМРО-ДПМНЕ мора да се реформира, а за тоа е прифатлив само демократски и слободен Конгрес за избор на нов лидер.

-Брисел не поддржува приватен конгрес на ВМРО ДПМНЕ! Само демократски и слободен Конгрес ќе ја изрази вистинската волја на членовите на партијата, кои имаат право слободно да го изберат новиот лидер, вели Богојески.

- Advertising -

На средбите со европските претставници за сегашниот лидер Никола Груевски се разговарало само како за политичар од минатото.

-Груевски е минато, за кое немаме спомени вредни да се присетуваме, вели Богојески.

Иницијаторите за реформи утре во Брисел ќе се сретнат и со високи претставници на Европската комисија задолжени за Југоисточна Европа.

Поврзани новости