612
Секој што сторил криминал треба да одговара за своите постапки и сето тоа да се докаже во судска постапка, рече портпаролката на СЈО, Ленче Ристоска за НОВА ТВ, по обраќањето на претседателот Ѓорѓе Иванов во кое тој најави дека делумно ќе ја повлече аболицијата за 22 политички експонирани лица.
„Сметаме дека правдата не смее да биде оневозможена. Официјален став за тоа како ова ќе влијае на нашите случаи, ќе дадеме следната недела“, рекла Ристоска.