Од Специјалното јавно обвинителство информираат дека на крајот на минатиот месец одзеделе документи од Државниот архив.
– Станува збор за предмет во предистражна постапка и неможе да дадеме повеќе информации околу тоа на што се однесуваат одземените документи. Може само да кажеме дека документите беа одземени согласно законската процедура без да има било какви упати апсења и слично – објаснуваат од СЈО.
Според неофицијалните информации што се појавија во медиумите станува збор за документи поврзани со проектот „Скопје 2014“. За овој контраверзен проект досега се потошени 670 милиони евра, а изградени се 136 објекти згради, катни гаражи, фасади, споменици, панорамско тркало, мостови, плоштади, скулптури.
Одредени портали вчера објавија информација дека во рамките на оваа акција на СЈО бил уапсен директорот на Архивот Филип Петровски и дека имало упат, што Петровски остро го демантираше.