Претседателот Иванов во работна посета на Египет

by fokus

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, од денеска до 16 јануари ќе престојува во работна посета на Арапската Република Египет, каде што ќе учествува на Форум на високо ниво во организација на Александриската библиотека и на Меѓународниот центар „Низами Ганџави“, што се одржува во Каиро.

Иванов ќе се обрати на воведната сесија на форумот, насловена „Демократска безбедност во време на екстремизам и насилство“.

За време на работната посета на Арапската Република Египет, предвидено е претседателот Иванов да оствари средба со египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси.

Поврзани новости