СЈО пред малку објави реакција, во која објаснува дека Врховниот суд на Република Македонија им барал дополнителни информации за барањето за изземање на судија од тој суд.
Во објаснувањето на СЈО се вели:
„Согласно Законот за кривична постапка, во постапката за изземање на судија задолжително дејствие е прибавувањето на изјава од судијата. Со оглед на тоа што бараната информација може да се добие од самиот судија за кого е барано изземањето, ова Јавно обвинителство нема да обезбеди одговор со цел да не се влијае на исходот на постапката.
Појаснуваме дека сме свесни за итноста на постапките и дека со нашите дејствија не се одолговлекуваат постапките. Воедно апелираме за соодветна примена на начелото на итност и при постапување со барањата на ова Јавно обвинителство“, се вели во реакцијата на СЈО.