Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева нема да се појави на седницата на Комисијата за политички систем и покрај ултиматумот од ВМРО-ДПМНЕ дека доколку сака некое од барањата да и биде исполнето, да се извини и повторно да се појави на расправата.
-СЈО ја исполни својата обврска и го презентираше својот извештај, а прашањата кои останаа неодговорени немаат никаква врска со извештајот. Јанева јасно кажа дека нема да присуствува на комисиската расправа повеќе, а ние не сме тука да ни се поставуваат ултиматуми. Јанева ја исполни својата обврска, единствено ќе се појави само на пленарната седница во Собранието, обајсни Ленче Ристоска на прес конференцијата на која беше презентирана истрагата „Трезор“.
Во овие моменти Катица Јанева е во Советот на јавни обвинители каде го презентира извештајот за работата на СЈО.