526
Специјалната обвинителка Ленче Ристовска потенцираше дека СЈО не му дало податоци на претседателот Иванов во однос на лицата за кои се водат постапки. И ним им е нејасно како податоците завршиле кај претседателот затоа што многумина од лицата за кои се однесува аболицијата никогаш не биле јавно споменати.
Затоа СЈО не ја коментира листата со аболицирани, освен оние за кои веќе имаат јавно соопштено дека им е покрената истрага. СЈО сака да знае кој ги оддал на Иванов тајните информации за да може да покрене постапка и за тоа.
Дополнително, Ристовска извести дека тројцата обвинители на кои се однесува аболицијата на Иванов не ја прифаќаат затоа што не може да бидат ставени сите во ист кош.