СЈО: Кривичниот суд пропушти шанса да се запише во историјата!

by Фокус

Кривичниот суд во Скопје засега пропушти да се запише во историјата на Република Македонија.

Ваков статус осамна на официјалната фејсбук страната на Специјалното јавно обвинителство, кое вчера побара притвор за неколкумина поранешни и сегашни функционери, кои биле вклучени во изборен криминал во корист, како што беше соопштено, на партијата од која доаѓаат.

„Следуваат жалби!“, најавија од СЈО, во исчекување на официјалното соопштение од Кривичниот суд, каде на распит вчера беа градоначалникот на Пустец Едмонд Темелко и екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.

Инаку, жалбите се поднесуваат до Кривичен совет на Основен суд Скопје 1, истиот суд што одлучи да нема притвор. Жалбите треба да се напишат викендов и ќе се достават. Се очекува обвинителите да аргументираат дека сите три точки за притвор се можни, а тие се влијание врз сведоци, опасност од бегство и повторување на постапката.

Поврзани новости