ЛДП бара формирање и на специјален суд

by Фокус

Либерално-демократската партија апелира на итноста од формирање на Специјален суд во Република Македонија, како потреба од процесуирање на обвиненијата на Специјалнотo јавно обвинителство.

„Сваровски судството и воопшто системот, кој во сите нивоа на судската власт десет години по своја мерка го градеа Груевски и фамилијата, може „низ вода“ да ја пуштат работата и трудот на специјалните обвинители во предметот „Титаник“. Укажуваме на потребата од итно дополнување на Договорот од Пржино со формирање на Специјален суд, со помош на меѓународната заедница, кој ќе ги почитува стандардите на транспарентност, независност и владеење на правото. Стравуваме дека обвиненијата произлезени од Кабинетот на специјалната обвинителка, Катица Јанева, ќе бидат опструирани од судии кои се „приврзоци“ на фамилијата и дека партијата на власт ќе се обиде од обвиненијата да направи фарса“, сметаат либералдемократите.

Поврзани новости