СЈО ќе стане дел од ОЈО со гаранции за автономија

by fokus

Специјалното јавно обвинителство наскоро треба да биде дел од Основното јавно обвинителство  и за таа цел во финална фаза е подготовка на нов закон. Ова во емисијата на ТВ21 Клик Плус ексклузивно го изјави министерката за правда Рената Дескоска Тренеска, која рече дека иако ќе биде во рамки на Основното, сепак Специјалното обвинителство ќе има автономија во работењето. Дескоска рече дека во законот постои одредба со која јавното обвинителство ги презема коруптивните дела кои што се сторени од највисоки функционери, но исто така и дека  СЈО ќе ги продолжи предметите кои веќе ги има отворено. Сепак таа вели дека за донесување на овој закон има голема пречка со обезбедување двотретинско мнозинство во Собранието.

-Изработен е во моментот текст во министерството за правда кој ги сублимира добрите решенија и од едниот и од другиот закон и во неговите одредби се содржани одредби кои воспоставуваат Специјално јавно обвинителство како траен орган во системот на Јавното обвинителство со одредени гаранции за нивна автономија. Секако почнатите постапки ќе си ги продолжи Специјалното јавно обвинителство. Значи тоа е во предлогот на министерството за правда онака како што се почнати, завршница мора да има амнестија со закон за Специјално јавно обвинителство  или за јавно обвинителство немаме намера да даваме, изјави Дескоска.

Поврзани новости