СЈО ќе поднесе 17 обвиненија за 18 предмети

by fokus

Специјалното обвинителство ќе поднесе 17 обвиненија за 18 предмети против вкупно 94 физички и седум правни лица, соопшти денеска специјалната обвинителка Катица Јанева.

Таа рече дека овие обвиненија се резултати на работата на обвинителите кои работеле напорно и им се заблагодари за нивната работа и тоа што не се штеделе.

„Иако на јавноста и е добро познато дека Законот за специјално обвинителство беше донесен на 15 септември ова обвинителство работи само 10 месеци. И покрај тоа што не се обезбеди законско решенија со кое СЈО ќе продолжи за работа, успеавме да ги поднесеме сите обвиненија за кои обезбедивме цврсти докази. И покрај тоа што немавме доволен период за истражување, резултатите од 10 месечната работа се пред вас и кажуваат за обемна документација, употреба на меѓународна правна помош итн“, рече Јанева.

Таа најави дека СЈО ќе продолжи да прави истраги за други кривични дела.

Поврзани новости