СЈО: Јанева не е член на партија, медиумите да проверуваат што објавуваат

by fokus

Катица Јанева нема никаква поврзаност со политички партии, реагираат денеска од Специјалното јавно обвинителство.

-Се работи за невистинити документи. Јас никогаш ниту сум била член на политичката партија СДСМ, ниту пак сум извршила уплата за наводна верификација на членство на оваа политичка партија, истакна специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

СЈО апелира медиумите во иднина пред да објават вести во кои се повикуваат на наводни документи, да ја проверат веродостојноста на документите на кои се повикуваат од субјектите посочени како нивни издавачи, а во насока на правилно и точно информирање на јавноста.

Воедно, апелираат надлежните органи да ја испитаат злоупотребата на личните податоци на Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, со оглед дека во изминатиот период ваквата злоупотреба се повторува.

Поврзани новости