20.591 граѓани ќе гласаат од дијаспората

by fokus

По завршувањето на рокот за поднесување на пријави за гласање на изборите на 11.декември од дијаспората, Државната изборна комисија а Република Македонија соопштува дека од поднесени 21.029 пријави, 20.629 граѓани ги исполниле законските услови за гласање.

На предвремените парламентарни избори закажани за 11.декември 2016 година, 20.591 граѓани своето гласачко право ќе можат да го остварат во 41 дипломатско-конзуларни претставништва на Република Македонија во странство, односно конзуларни канцеларии, и тоа: Берн, Венеција, Детроит, Њујорк, Мелбурн, Рим, Љубљана, Виена, Торонто, Камбера, Чикаго, Берлин, Бон, Минхен, Париз, Белград, Копенхаген, Брисел, Лондон, Хаг, Стокхолм, Истанбул, Подгорица, Прага, Загреб, Осло, Тирана, Вашингтон, Анкара, Абу Даби, Отава, Приштина, Софија, Будимпешта, Сараево, Доха, Букурешт, Москва, Варшава, Пекинг и Мадрид.

Со оглед дека за гласање во Токио, Њу Делхи, Атина, Астана, Каиро, Киев, Талин, Тел Авив и Солун се пријавиле по помалку од 10 граѓани, во овие девет дипломатско-конзуларни претставништва гласањето нема да се спроведе.

Поврзани новости