Специјалното јавно обвинителство денеска потврди дека имало хакерски упад во нивната електронска пошта. Упадот се случил уште лани неколку месеци по формирањето на обвинителството на Катица Јанева.
-Во текот на месец декември 2015 година беше извршен неовластен упад во нашата електронска пошта, по што од наша страна беа преземени сите чекори за зголемување на безбедноста на електронска пошта. Напоменуваме дека во тој период немавме вработено лице кое би се грижело за информатичката безбедност на електронската пошта – се наведува во соопштението.
Од СЈО велат дека не го пријавиле веднаш упадот пред надлежните органи бидејќи во тој момент немало никаква реална штета и велат дека нема опасност хакерот да дошол до битни информации за истраги или сведоци.