Андонов: Нема да дозволам МВР да се претвори во партиски штаб на СДСМ

by fokus 18:46
18:46

Дополнителниот министер за внатрешни работи, Оливер Андонов обвини дека министерот Оливер Спасовски кадровските промени во МВР ги направил самоволно и го прекршил уставот.

– Техничкиот министер Спасовски на најгруб начин го девалвираше правниот систем и ги погази сите правни принципи врз кои е втемелена работата на министерството. Со еднострано потпишување на решенијата за распоредување на 11 лица вработени во МВР, Спасовски на најдобар начин покажа дека за него не постои Устав и закон туку само негов личен закон. Со измените, Спасовски се стави над законот и го доведе во прашање целокупниот систем на организација и работа во министерстовто во законски рамки –  рече Андонов.

- Advertisements -

Дополнителниот министер додаде дека нема да дозволи, како што рече, МВР да се претвори во партиски штаб и дека „ ќе ги искористи сите правни средства за запирање и санкционирање на самоволието на Спасовски”.

Инаку, Спасовски денеска информираше дека разреши 11 началници на МВР и постави нови, за што рече дека го искористил правото според договореното од Пржино и направил 11 кадровски промени во МВР со цел да се организираат кредибилни и фер избори во декември.

Поврзани новости