СЈО го презема предметот Сопот од наредното рочиште

by fokus

Специјалното јавно обвинителство се прогласи за надлежно за предметот Сопот. Откако минатата седмица го доби предметот од Обвинителството за организиран криминал и корупција, СЈО имаше рок од 8 дена да се произнесе.

Адвокатот Насер Рауфи, за ТВ 21 потврди дека добил известување од Специјалното обвинителство во кое се наведува дека е донесена одлука, на следното рочиште кое ќе се одржи во септември, обвинители од тимот на Катица Јанева да го застапуваат предметот. Во случајот Сопот, единаесет жители од истоименото кумановско село, беа осудени за тероризам и добија вкупно 150 години затвор.

Поврзани новости