452
Освен во канцеларијата на судијата Владимир Панчевски, кој до неодамна ја извршуваше претседателската функција во Кривичниот суд, претреси се вршат и уште на три места, неофицијално дознава „Фокус“ од извори во истрагата.
Како што дознаваме, обвинители од СЈО во придружба на полицијата претрес вршат и во домот на Панчевски, но и во домовите на уште двајца вработени во судот.
Неофицијално се шпекулира дека Панчевски заедно со уште двајца вработени во судот се под сомнеж дека одале службена тајна.
Во текот на денот се очекуваат и официјални податоци за истрагата.
В.В.