СЈО го поднесе обвинението за „Транспортер“, на потег е Кривичниот суд

by fokus

Специјалното јавно обвинителство (СЈО), како што дознава „Фокус“, пред десетина дена до Кривичниот суд го доставило обвинението за случајот „Транспортер“, во кој градоначалникот на Битола, Владимир Талески, заедно со уште 22 лица, се сомничат дека преку коруптивни тендери со школскиот превоз проневериле 360.000 евра народни пари.

Според Законот за кривична постапка, сега на потег е советот на судот кој на седница треба да изврши оцена на обвинението, на која може да го одобри обвинителниот акт, да го отфрли или доколку утврди технички грешки да го врати назад кај обвинителот на поправка.

Советот во рок од осум дена од приемот на приговорот против обвинителниот акт, треба да ја закаже седница за оценување.

Доколу обвинението е одобрено, главната расправа се закажува во рок од 30 дена од приемот на обвинителниот акт, или 60 дена доколку станува збор за дела од организиран криминал.

Во предметот освен градоначалникот Талески осомничени се вработени во општината, директори на училишта од Битола и газди на фирми.

В.В.

Поврзани новости