Ердоган за СНН: Промените се големи, но јас нема да станам диктатор

by fokus 13:52
13:52

Навистина, промените се големи. Но тоа не значи дека ќе станам диктатор. Таму каде што има диктатура нема претседателски систем. А ова што го видовте во неделата се вика демократија. Јас тоа го нарекувам волја на народот, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во интервју за Си-ен-ен.

Тој тврди дека целта му е да го скрши досегашниот турски политички систем не осврнуваќи се на фактот дека неговата земја е длабоко поделена по референдумот.

- Advertisements -

Уставните промени се изгласани „за влакно“, само 54,4 отсто Турци заокружиле „да“, додека другата страна вели дека референдумот бил нерегуларен. Ердоган вели дека не е загрижен поради критиките на своите противници.

„Јас инаку сум фудбалер, па со спортски жаргон ќе ја објаснам моменталната ситуација. Нема врска дали ќе победиш со 1-0 или со 5-0, победата е победа”, рече тој.

 

Поврзани новости