762
Специјалното јавно обвиниетелство денеска во кусо соопштение објави дека на четврти месецов до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднеле барање за доставување на предметот познат во јавноста како „Сопот“.
-Предметот е побаран со цел да одлучиме дали овој предмет спаѓа во надлежноста на Специјалниот јавен обвинител, имајќи предвид јавно објавен разговор од незаконски следените комуникации, велат од Специјалното јавно обвиниетелство.
Случајот „Сопот“ е за поставена нагазна мина патот Сушево-Сопот од која на 4 март 2003 година загинаа двајца полски војници на НАТО и еден цивил. За овој случај осудени беа жители на кумановското село.