Управата за безбедност и контраразузнавање за целосен пристап на обвинителите и истражителите во опремата за прислушување побарала дозвола од производителот „Ериксон“ кој доцна вечерва ја доставил, пренесува Нова ТВ.
И за многу брзо време СЈО и Катица Јанева добиле дозвола од „Ериксон“ за влез и пристап до опремата.Токму на овој начин СЈО ќе може да изврши увид во системот за прислушкување и следење на комуникациите, како и да ги продолжи истражните дејствија со повеќе активности на УБК.
Претходно СЈО соопшти дека обвинителите ќе дежураат во смени цела ноќ во УБК затоа што наидуваат на опструкции за добивање на круцијално, за нив, информации и докази. Додека траел увидот на СЈО; во просториите на УБК биле присутни Митко Чавков и заменскиот министер од МВР Оливер Андонов.
СЈО денеска влезе во УБК со две судски наредби.