Денеска ова јавно обвинителство поднесе барања до судот за обезбедување на имот поврзан со предметите „Триста“ и „Талир“, информира СЈО.
„Во врска со предметот „Триста“, откако е пријавено имотно – правно побарување од страна на оштетено лице, побарано е да се изрече забрана за отуѓување и оптоварување на имот. Имено, до Судот е поднесен предлог за определеување привремена мерка за обезбедување на имотноправно барање и тоа: забрана за отуѓување и оптоварување на недвижен и движен имот во сопственост на осомничениот. Во предлогот до Судот наведено е точно за кој и каков имот се работи“, пишува на веб страницата на СЈО.
Во врска со предметот „Талир“, информира СЈО, поднесено е ново барање до Судот за определување на привремена мерка – забрана за отуѓување и оптоварување на дел од недвижен имот кој потекнува од извршено кривично дело, при што во предвид се земени укажувањата на Судот искажани во одлуките со кои беа одбиени првичните барања за обезбедување на имот.