Министерот за внатрешни работи Митко Чавков, со разрешувањето на Примислав Димовски од шеф на полициските “Алфи“ го повредил членот 50 став 3 од Законот за кривична постапка, кој изрично забранува разрешување и распоредување на друго работно место на истражител назначен со наредба на јавен обвинител, велат од СЈО за сајтот Сакам да кажам.
Извори од ова обвинителство за СДК потврдуваат дека нив никој не ги прашал дали може да биде сменет истражителот Димовски од работното место и да биде распореден на друго, што е противзаконско. ЗКП јасно вели дека секој истражител, назначен со наредба на кој било обвинител од Македонија, работи под негова контрола и наредба на истото работно место во времето кога за него била дадена наредба за истражител, сѐ додека јавниот обвинител не ја смени наредбата.