Германија „екстремно“ загрижена за состојбата во Македонија

by Фокус

Германскиот државен министер за Европа, Михаел Рот, денеска од Брисел порача дека Германија е „екстремно загрижена за внатрешно-политичката состојба во Македонија“ и дека мора да ги исполни двата услова: односно создавање услови за демократски и слободни избори и целосна поддршка за работата на Специјалното јавно обвинителство.

Политичките партии повеќе не смеат да го ставаат на тест трпението на меѓународната заедница и на Европската Унија и мора да остварат конкретни резултати. Македонија повеќе не смее да се оддалечува од Европа, туку мора да се врати назад на патот на приближувањето кон ЕУ, рече Рот.

На инсистирање на Германија, состојбата во Македонија е ставена на дневен ред на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел.