441
Специјалното јавно обвинителство побарало замрзнување на имотот на битолскиот градоначалник Владимир Талевски и на други лица во случајот Транспортер, објави Алсат М.
Како што изјавиле од СЈО за телевизијата, против повеќе лица е поднесен предлог за обезбедување на имот, меѓу кои има и помилуивани од кривичен прогон, кои направиле штета од над 22 милиони денари.
Инаку, во случајот Транспортер за злоупотреба осомничени се 22 лица, кои за своја корист, а на штета на буџетот правеле малверзации со парите за транспорт на учениците во Битола.