Димитров: Иванов го советува Груевски да направи војничка организација од ВМРО-ДПМНЕ

by Фокус

ВМРО-ДПМНЕ е една ревулуционерна – војничка организација, за која во многу нешта стои Ѓорге Иванов и неговите совети до Никола Груевски за тоа каква партија треба да направи, изјави во емисијата Вин-Вин Димитар Димитров, поранешен пратеник и министер од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

– Зад она што конгресот го направи лани во Куманово стои редуциран идентитет на членството со партијата, на партијата со силината на државата и нацијата. Зад тоа стои една секташка логика, која претпоставува само наши и туѓи. Членството направи голема грешка со релативизирање на индивидуланата одговорност. Тие луѓе се на многу ниско морално и културолошко ниво, јас би ги нарекол еден вид на антрополошки плевел и јас со таквите луѓе ниту вода не би се напил – рече Димитров.

Поврзани новости