Во моментот пред судија на претходна постапка во Кривичниот суд се изведени Ратко Димитровски, поранешниот градоначалник на Кочани, бизнисменот Томе Главчев и Коле Смилевски, тројца од деветмината обвинети во новата истрага на СЈО, „Поштенска банка“.
Од СЈО бараат притвор за тројцата осомничени, а ги сомничат за кривично дело сторено во период од 2001 до 2010 година.
Истрагата опфаќа повеќе поврзани настани за сторени кривични дела – Перење пари и други приноси од казниво дело од чл.273 и со истата се опфатени девет лица и тоа: Коле Смилевски, Томе Главчев, Ратко Димитровски, Викица Поповски, Гкеорги Каратолис, Кирил Јаневски, Зоранчо Митровски, Ристо Милев и Златко Ѓорчев. Од извршените кривични дела сторени во временскиот период од 2001 до 2010 година била прибавена имотна корист во износ од околу 5 милиони евра.
Според СЈО организатори на злосторничката група биле Љубчо Георгиевски, како претседател на Владата на Република Македонија во 2001 година, Марјан Ѓорчев како вицепремиер и Никола Груевски како министер за финансии, кои со цел да го контролираат фактичкото функционирање на „Поштенска банка“, организирале во основањето на Банката, покрај „Македонска пошта“, која била во државна сопственост, да учествуваат и правните лица кои тие ги избрале – „Ноел Експорт импорт“ Гевгелија и печатница „Европа 92“ Кочани. Сепак како што појаснуваат од СЈО, овие лица не можат да се гонат кривично бидејќи настапила застареност на кривичното дело „Злоупотреба на службената положба и овластувње“